Испечати

Сараевска непечена торта

Сараевска непечена торта

Состојки

  • 1 паковање розен кори
  • 1 л млеко
  • 14 лажици шеќер
  • 3 јајца
  • 8 лажици брашно
  • 3-4 пакетчиња ванилин шеќер
  • 400 гр мелени ореви
  • 300 гр чоколадо
  • малку рендана кора од лимон

Подготовка

Прекрасен колач, сочен, вкусен, вреди да се направи.
1. Во некој сад ставете малку од млекото, додајте ги јајцата, измешајте убаво и ставете го брашното. Измешајте да нема грутчиња.
2. Останатото млеко заедно со шеќерот и ванилата ставете го на оган да зоврие. Додајте ја смесата со брашното и сварете крем. Додајте ја лимоновата кора и тргнете го настрана.
3. Додајте го чоколадото, мешајте додека се истопи и ставете ги оревите. Нека се олади.
4. Над секоја розен кора ставајте тенок слој од филот. Одозгора можете да го украсите или со мелени ореви или со чоколадна глазура.
Нека отстои неколку часа и може да се ужива во него.