Пита со јаболка

Состојки
- тесто
 - 70 гр овесно брашно
 - 40 гр овесни снегулки
 - 3 лажици мелени ореви
 - 1 лажиче пециво
 - 3 лажици мелен лен +6 лажици вода
 - 6-7 лажици маџун
 - 2 лажици кокосово масло
 - Фил
 - 4 лажици мармалад од смокви ( домашен без додаток на шеќер)
 - 3-4 јаболка ( околу 550 гр u2013 излупени и исчистени)
 - 1 лажиче цимет
 - 150 мл вода
 - 1 лажица мед
 - Дополнително
 - 40 гр сецкани ореви
 - 30 гр овесни снегулки
 
Подготовка
Подготовка:
1. Јаболката ги сечиме на мали коцки. Во тенџере на оган на средна температура ги ставаме јаболката, ја додаваме водата и циметот, промешуваме. Вариме со повремено мешање, додека не омекнат јаболката и водата не испари.
2. Во мал длабок сад го ставаме меленото ленено семе и водата, промешуваме, оставаме да стои 5 минути.
3. Во длабок сад го ставаме овесното брашно, овесните снегулки, мелените ореви и пецивото. Промешуваме со лажица. Го додаваме меленото ленено семе и со рака почнуваме да го месиме тестото. Постепено го додаваме кокосовото масло и маџунот. Тестото кое ќе се добие е посуво.
4. Во сад со големина 20х20 претходно обложен со хартија за печење го натапкуваме тестото. Печиме во загреана рерна на 170 степени 7-8 минути.
5. Го вадиме садот од рерна, тетсото го премакуваме со мармаладот од смокви. Врз мармаладот го ставаме филот. Врз филот ставаме од сецканите ореви и овесните снегулки. Печиме на 170 степени околу 35 минути.