Испечати

Посен парен колач со јаболка (без масло)

Посен парен колач со јаболка (без масло)

Состојки

  • 20 лажици газирана вода
  • 15 лажици шеќер
  • 2 лажички ванилин екстракт
  • 5-6 рендани јаболка
  • 250 г гриз
  • 20 рамни лажици брашно
  • по 1 лажичка сода бикарбона и пециво
  • 100 г сецкани или мелени ореви
  • 1 лажичка цимет
  • Шербет
  • 500 мл вода
  • 500 г шеќер
  • За одозгора
  • малку кокос
  • по 1 орев на секое парче

Подготовка

Превкусен колач кој воопшто не се осеќа дека е посен. Се прави брзо, а состојките може да се мешаат и со лажица. Колачот е сочен и без шербетот зашто самите јаболка даваат сочност, затоа слободно може да се припрема и без шербетот. Совршен за периоди на постење,

Подготовка:
1. Се мешаат сите состојки со миксер, додавајќи ги една по една состојките и смесата се истура во набрашнето тавче 30 на 40 цм, а ако сакате да е повисока тортата, користете помало тавче. Се пече околу 30 минути на 200 степени.
2. Ако не сакате многу блага торта, шербетот може да го изоставите, прескокните и само да ја наросите со шеќер во прав одозгора. А ако сакате посочен колач, кога ќе се олади до температура на млакост, потурете ја со млакиот шербет. Декорирајте со кокос и со ореви.