Испечати

Посна крем чорба (без масло)

Посна крем чорба (без масло)

Состојки

  • 1 средно голем благ компир
  • 2 помали компири
  • 1 морков
  • 1 парче праз (само белиот дел)
  • 5-6 лукчиња
  • 5 лажици доматна паста
  • вода по потреба
  • сварен наут по желба
  • сол и бибер по желба

Подготовка

Подготовка:

1. Ставете го зеленчукот да се вари петнаесетина минути. Тргнете го тенџерето од огнот и изблендирајте го.
2. Вратете го на оган и додајте ја доматната паста. Промешајте, зачинете по вкус и оставете нека вари уште десетина минути.
3. Водата прилагодете ја според тоа колку сакате да ви биде густа чорбата. Јас ја сакам погуста, па затоа и не ставам многу вода.
4. Пред служење во чорбата додајте од сварениот наут.