Ролати со мелено месо печени на рингла
Состојки
- За тесто
- 200 гр брашно
- 1 пакетче прашок за печење
- 5 гр сол
- 20 мл млеко
- 20 мл масло
- 150 гр кисела павлака
- зачини - сув зачин, пимент или бибер, прованса или италијански зачини
- За фил
- 250-300 гр мелено месо
- 1 главица кромид
- 150 гр кашкавал
- 20 гр магдонос
- 1 јајце
- сол, сув зачин, пимент или бибер, прованса или италијански зачини
Подготовка
Ќе се заљубите го залачињава ако ги пробате. Жалам што сликите не се толку успешни да ја доловат неговата вистинска вкусотија, но се мораше брзо да се работи кога е глад и убава миризба на јадењето во прашање. Две парчиња успеаа да постојат и изладат, за да можам покасно барем пресек да сликнам попристојно иако и тогаш пред гости.
Подготовка
1. Во сад ставете ги сувите состојки за тесто. Измешајте и додадете ги водените, па замесете глатко тесто. Тестото покријте го и оставете го 15 минути да одмори.
2. За тоа време спремете го филот. Исечкајте ги кромидот и магдоносот ситно, а кашкавалот изрендајте го. Сите состојки додадете ги во еден сад и измешајте или измесете ги убаво.
3. Одмореното тесто расучете го на набрашнета површина во правоаголник. Премачкајте го со филот од мелено месо и завиткајте го во ролат. Ролатот исечете го на парчиња со дебелина од околу 3 см.
4. Секое исечено парче малку сплескајте го од страните на филот и редете ги во поголема тава (да ги собери сите, добра е бр 28) во која сте ставиле 1,5 ракиена чаша масло (отприлика).
5. Пржете ги на умерена сила на ринглата, додека заруменат и потоа превртете ги од другата страна. Додајте 50-60 мл вода и покријте ги со капак. Така динстајте ги 20 минути на ниска температура (најмногу на третина од вкупната јачина на ринглата). Послужете ги со павлата одозгора.