Топчиња од мелено месо со јајце во сос
Состојки
- 600 гр Мелено месо
- 2 Кромид
- 5 Јајца
- 200 гр Домата
- 1 Лажица Густин
Подготовка
Подготовка:
1. Во меленото месо изрендајте кромид, посолете додајте црн пипер. Измешајте.
2. Сварете ги јајцата и додадете ги во меленото месо. Направете топче, извалкајте го во брашно и испржете го од сите страни.
3. Во тенџере ставете домата, во домата ставете ги направените топчиња и варете ги околу 15 минути. Додајте густин за загусне сос. Сервирајте ги во чинија, а одозгора прелијте ги со сос!
Добар апетит.