Шарени бомбици од младо сирење

Состојки
- 250гр до 300гр младо сирење
 - 2 варени јајца
 - 2лажици тостирани, мелени семки од сончоглед
 - 1лажица тостиран сусам
 - 2,3 рендан кисели краставички
 - Сол и бибер по вкус
 - За обложувње
 - Буковец
 - сусам
 - Чурек
 - Сецкани перца од млад кромид
 
Подготовка
Подготовка:
1. Во еден сад го ставаме младото сирење. Додаваме рендани јајца, мелени семки од сончоглед, сусам, краставички, сол, бибер. Убаво соединуваме и ја оставаме смесата во фрижидер да отстои 30 минути.
2. Потоа формираме бомбици. Дел ги валкаме во буковец, сусам, чурек, перца.
 Сервираме и послужуваме.