Испечати

Ликер од печени јаболка

Ликер од печени јаболка

Состојки

  • 7-8 помали јаболчиња
  • 250 гр шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 2 стапчиња цимет
  • 2 ѕвезди анис
  • 750 мл вотка

Подготовка

Подготовка:
1. За подготовка на ова вкусно ликерче пожелно е ако имате да ставите непрскани, миризливи јаболчиња. Ако се прскани претходно убаво измијте ги. Пресечете ги на 4, исчистете ги од семките, не лупете ги и ставете ги да се печат на 200 степени 15 минути. Треба да останат цели и потврди.
2. Ставете ги во некоја поголема тегла, додајте го шеќерот, ванилиниот шеќер, стапчињата цимет, анисот и сравете ја вотката. Вотка ставаме заради неутралниот вкус, но секако може и со ракија.
3. Оставете ја теглата 1 месец на темно место, поточно да не е на директна светлина и од време на време протресувајте ја за да се стопи шеќерот. Потоа исцедете го ликерот и уживајте во неговата убавина. На здравје!