Испечати

Мафини со маскарпоне

Состојки

  • 190гр брашно
  • 2 јајца
  • 1лажиче пециво
  • 100гр шеќер
  • 75гр путер
  • 100гр маскарпоне
  • 60мл млеко
  • 1/2лажиче сода бикарбона
  • Суви сливи, вишни....., чоколадо.., вие што сакате

Подготовка

Убаво измешајте ги омекнатиот путер и шеќерот, додадете едно по едно јајце и мешајте додека не се добие хомогена маса.
Додадете уште маскарпоне и млеко и убаво измешајте.
Брашното измешајте го со прашокот за пециво и сода бикарбоната и сè заедно измешајте со дрвена лажица.
На крај додадете ги исечканите сливи, вишни.... и чоколадото.
Наполнете корпи за мафини и печете 20 минути на 180 C.
Направете нежна декорација со растопено чоколадо и послужете.