Испечати

Колач со кисела вода

Состојки

  • 5 јајца
  • 280гр шеќер
  • малку сол
  • 120гр мелени лешници
  • 30гр каакао
  • 40гр брусница
  • 75гр нес квик, краш експрес
  • 200гр брашно
  • 1 пециво
  • 180мл кисела вода
  • 180мл масло
  • глазура
  • 100гр чоколадо
  • 20гр путер
  • 50гр грубо мелени лешници

Подготовка

Загрејте ја рерната на 175 ° Ц.

1.Тесен долг плех за леб (големина 30 цм,) намачкајте со путер и посипете со презла.

2.Јајцата, шеќерот, и малку сол се матат со миксер околу 8 минути.
3,Сувите состојки се соединуваат. лешниците, брашното, прашокот за пециво и двата вида какао, измешајте ги и постепено додајте ги во масата со изматените јајца.
4,На крајот прво постепено додавајте масло, кога ќе се измати додадете минерална вода.
5,Сè лесно измешајте со миксер.
Масата ќе биде течна и потенка, па мора да биде.
Истурете ја смесата во плех, печете 10 мин на 180с,а потоа намалете ја рерната на 150 ° Цпечете околу 1 час додека да порумени
6,Веднаш превртете ја тортата на жица и оставете да се излади 20 минути.
Чоколадото растопете го на пареа , додадете го стопениот путер, сè убаво измешајте и премачкајте го со глазурата колачот.
На суво тавче потпечете ги сечканите лешници и по 10 минути посипете ја со глазурата, а нанесете ја на колачот.
7,Изладете ја тортата, исечете ја на парчиња и послужете