Испечати

Чоколадни палачинки

Чоколадни палачинки

Состојки

  • 1 зрела банана
  • 120мл бадемово млеко
  • 3 лажици јаворов сируп (или агаве)
  • 1 лажица јаболков оцет
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 20г какао
  • 180г киноа брашно
  • 2 лажици чоколадни капки (опционално)
  • масло за пржење

Подготовка

Подготовка

1. Испасирајте ја бананата. Додајте ги млекото, оцетот и јаворовиот сируп. Измешајте добро, а потоа додајте ги сувите состојки (брашно, сода, какао) и повторно измешајте. По желба на крај може да додадете и чоколадни капки.

2. Тавата за палачинки премачкајте ја со мала количина масло. Кога ќе биде убаво загреана, додајте 1-2 лажици од смесата и пржете по две минути од двете страни, на средно силен оган. Послужете ги топли. На здравје!