Пилешко во сос од кокос млеко
Состојки
- 400гр пилешко месо
- 450мл кокос млеко од конзерва
- 1/3лажиче мајчина душица
- 1/3лажиче коријандер
- 1/3лажиче сол и црн бибер
- 1/5лажиче кари
- 1/3лажиче црвен пипер
Подготовка
Подготовка:
1. Месото извадете го од паковката и распределете го на парчиња во посакуваната големина. Ставете ги парчињата во голем сад, па прелјтие ги со кокос млекото. Додајте ги зачините и промешајте го убаво секое парче месо. Покријте со најлонска фолија и оставете да отстои еден час.
2. Во Мултикукерот ставете масло, а потоа притиснете ја опцијата fry на кукерот 18 во 1. На подлогата наредете го месото и затворете го кукерот. Го превртев само по еднаш. Дека се готви затворено, пареата и маринадата си го прават своето. Парчињата месо се преубави.Меки и сочни.
Домот не мириса, нема секаде неред,а месото спремно и преубаво.
На здравје да ви е.