Испечати

Наут фарината (веган,посно)

Наут фарината (веган,посно)

Состојки

  • 200 гр. брашно од наут
  • 1 лажичка сол
  • 600 мл. вода на собна температура
  • 40 мл маслиново масло+ за тавата
  • пожелба семки

Подготовка

Подготовка:

1. Брашното од наут го мешаме најпрво со солта, потоа ја додаваме водата и повторно мешаме со жица за матење. А на крај го додаваме маслиновото масло, повторно мешаме со жицата, додака смесата не стане хомогена.
2. Тавата за печење ја намастуваме со маслиново масло, ставете повеќе од маслото, нека биде обилно намастена, па додадете ја смесата. Врз смесата наросете со семиките. Мојата тава беше со дијаметар од 32см.
3. Печете ја фаринатата на 220 степени околу 20 минути или додека површината на фаринатата биде убаво исцрвена.
На здравје.