Печени вафли и карамел од урми
Состојки
- Вафли
- 120г овес
- 1 лажичка пециво
- 1 лажичка цимет
- 2-3 лажички еритрол (или друг засладувач)
- 4 рамни лажици путер од бадеми (или друг путер од јаткасти плодови)
- 150мл бадемово млеко
- Карамел од урми
- 150г урми
- 2 лажици путер од индиски ореви
- 1 лажица кокосово масло (растопено)
- 1 лажичка ванила арома
- прстофат сол
- 50-100мл бадемово млеко
Подготовка
Подоготовка
1. Овесот сомелете го во процесор за храна, додека да добие брашнеста структура. Во подлабок сад измешајте го овесот со останатите состојки за вафлите. Кога се е убаво споено распоредете ја смесата во калап за вафли. Печете во загреана рерна на 180 степени, 15-20 минути. Потоа извадете ги вафлите од калапот и печете ги од другата страна уште 5 минути.
2. За карамелот од урми, додајте ги сите состојки во блендер и обработете додека да добиете мазна смеса. Млеко ставете во зависност од тоа колку сакате да биде густ карамелот. Јас ставив околу 80мл. На здравје!
* Од смесата излегуваат 4 вафли. Со истата смеса може да се направат и во апарат за вафли наместо во рерна.