Хумус со авокадо
Состојки
- 300 гр сварен наут
- 1 авокадо
- 1/2 главица кромид
- 1 лажица таан
- 4-5 лажици вода од сварениот наут
- сол и бибер по вкус
- сув лук по вкус
Подготовка
За хранливите придобивки од хумусот доволно е кажано. Овој пат збогатен со авокадо кое хумусот го прави кремаст, а без додавање на масло. Таанот е домашен, исто така направен без масло.
Подготовка
1. Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте се додека не се добие мазна, кремаста структура.
2. Јас го служам како салата, со исечкан свеж зеленчук на ленти, морков, краставица, стапчиња од целер.