Испечати

Пире од карфиол

Пире од карфиол

Состојки

  • ½ главица карфиол
  • 1 лажиче сол
  • ½ лажиче мешан сув зачин
  • ¼ лажиче црн бибер
  • 3 лажици млеко
  • 1 лажица путер
  • 1 лажица павлака/ грчки јогурт
  • 2 чешниња лук

Подготовка

ПодготовкаЧ

1. Карфиолот го миеме и го делиме на парченца.

2. Во тенџере на оган ставаме вода која ја посолуваме да се загрее. Го додаваме карфиолот и вариме додека не омекне. Го цедиме и го ставаме во блендер.

3. Ги додаваме лукот,солта, мешаниот сув зачин, млекото, путерот и павлаката/ грчкиот јогурт. Блендираме да се соединат состојките. Пирето го послужуваме топло со мало парче путер.