Домашен чоко крем
Состојки
- 150 мл кокосово млеко со целосна масленост
- 100 гр црно чоколадо (60/70 % какао)
Подготовка
Подготовка:
1. Ставете го кокосовото млеко да се загрее. Не го загревајте премногу, може да ви го изгори чоколадото.
2. Чоколадото искршете го на поситни парчиња и прелијте го со млекото. Не го мешајте одма, оставете го неколку минути, па промешајте додека целосно се растопи.
3. Ставете го во фрижидер да се олади и здрви.