Запечени макарони со спанаќ
Состојки
- 500 гр макарони
- за прелив
- 3 јајца
- 1 мала кисела павлака
- 200 гр урда
- 250 гр спанаќ
- 3 големи лажици масло
- 1/2 мала лажичка сол
- 1/2 мала лажичка лук во прав
- 40 гр. рендан пармезан
Подготовка
Подготовка
1. Макароните сварете ги во вода, во која сте додале малку сол и масло според упатството на кесичката. Убаво исцедете ги.
2. Во друг сад на страна изматете ги јајцата, павлаката и 3 лажици масло. Зачинете со сол и лук во прав (внимавајте колку ви е солена урдата). Додајте ги во садот кратко обарениот спанаќ , исецкан на парчиња и урдата. Повторно изеднечете ја смесата.
3. Изберете соодветен сад за печење во рерна. Намрсете го со малку путер. Во него распоредете ги макароните. Врз нив прелијте ја смесата со јајца и павлака. Дел од смесата ќе пропадне низ нив, а дел ќе остане на површината. Одозгора наросете рендан пармезан. Печете во загреана рерна со уклучен вентилатор на 200 степени 15-тина минути.
На здравје.