Зелени вегетеријански палачинки
Состојки
- 2 шолји овесни снегулки
- 1и пол шолја кисела вода
- 1/2 шолја 4 вида семиња
- 1 кафено лажиче сол
- спанаќ до пола во блендерот, од прилика
- рендана зелка, и моркови
- домашен хумус
- малку куркума, лук во прав
Подготовка
Во последно време се почесто се трудам да правам некои вакви поздрави рецепти, кои првенствено се за мене, ама се надевам ќе ги навикнам и домашните. Исто така рецепти кои се брзи и лесни, оти постојано се борам со време да најдам за се, за жал
Подготовка:
1. Сите состојки ги ставаме во блендерот, мешаме додека не добиеме убава смеса. Густината е како за обичните палачинки.
2. Ги правиме на тавче за палачинки, и откако ќе се оладат ги премачкуваме прво со домашен хумус и малку мешана салата од зелка и моркови. Но секако полнењето може да биди и со печурки, или друга салата по вкус .