Испечати

Баунти со малина (посно, веган)

Баунти со малина (посно, веган)

Состојки

  • 230г кокос
  • 50г кокосово брашно
  • прстофат сол
  • 100мл јаворов сируп (може и агаве сируп)
  • 1 конзерва кокосово млеко (цврстиот дел)
  • 100г малини (свежи или смрзнати)
  • 80г кокосово масло
  • малку розова боја (по желба)
  • чоколадо по желба
  • 1 лажица кокосово масло

Подготовка

Подготовка

1. Кокосот, кокосовото брашно, солта, млекото, јаворовиот сируп, малините и 80г кокосово масло ставете ги во тенџере на оган. Загревајте и мешајте на средна температура, додека не добиете еднолична смеса. Малините може, но не мора претходно да ги одмрзнувате. Со мешањето треба да се разгмечат убаво. Кога смесата е соединета, по желба може да додадете малку розова боја. Јас додадов на врвче на лажичка. Може да се додаде и екстракт од малина.
2. Во долгнавест калап (околу 30цм) наместете хартија за печење. Ставете ја смесата во калапот и стиснете ја убаво. Ставете го калапот 2-3 часа во замрзнувач.
3. Извадете го калапот, со помош на хартијата извадете ја смесата и исечете на долгнавести парчиња.
4. Јас растопив околу 250г темно и 250г бело чоколадо и ги обложив со по два слоја чоколадо. Доколку не ги сакате толку чоколадести, растопете помала количина чоколадо. Може и да ги мацнете во чоколадо само од една страна. Оставете ги додека да се стегне чоколадото. Декорирајте по желба и послужете. На здравје!