Испечати

Ролат од мелено месо

Ролат од мелено месо

Состојки

  • 650 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 1 лажиче мешан сув зачин
  • ½ лажиче сол
  • 1 лажица сецкан магдонос
  • 1 јајце
  • 1/3 лажиче црн бипер
  • Фил
  • 3 лажици маслиново масло
  • 2 лажици сенф
  • 2-3 моркови
  • 4 кисели краставички
  • 50 гр кашкавал
  • 4-5 компири

Подготовка

Подготовка:

1. Кромидот го рендаме. Во длабок сад го ставаме меленото месо, ги додаваме ренданиот кромид, мешаниот сув зачин, црниот бибер, солта, сецканиот магдонос и јајцето. Мешаме. Садот го покриваме со проѕирна фолија и го оставаме во фрижидер 2 часа.

2. Морковите ги чистиме и ги сечиме на надолжни парчиња. Ги вариме во солена вода.

3. На алуминиумска фолија премачкуваме со малку маслиново масло и го ставаме месото, со дланка го распределуваме во правоаголна кора со дебелина од 1,5- 2 цм. Месото го премачкуваме со 1 лажица маслиново масло и со сенф. Краставичките и кашкавалот ги сечиме на надолжни парчиња. Во средината од месото ги ставаме морковите, киселите краставички и кашкавалот. Со помош на фолијата формираме цврст ролат. Ролатот го ставаме во сад за печење, во кој претходно ставивме 2 лажици маслиново масло.

4. Печиме во загреана рерна на 180 степени, 30 тина минути. Потоа ги додаваме исечканите компири (јас додадов и моркови), ги зачинуваме и им додаваме маслиново масло и печиме додека не бидат готови.