Чоколадни шишарки
Состојки
- 250 гр маргарин
- 100 гр црно чоколадо
- 100 гр шеќер
- 4 лажици мед
- 1 лажица какао
- 250 гр чоколадни оризни снегулки-зрнца
Подготовка
Подготовка:
1. Во тенџере се става да се топи маргаринот, чоколадото, шеќерот, медот и какаото. Сето ова постојано се меша, додека не се стопат сите состојки и да се добие изедначена смеса.
2. Во топлата смеса се додаваат оризовите чоко снегулки и се меша .
3. Се формираат шишарки во цедалка за лимон. Излегуваат вкупно 45 шишарки.