Слатки полжавчиња со путер и суво грозје
Состојки
- 30гр свеж квасец
- 1лажиче шеќер
- 1лажиче брашно
- 250мл млеко
- 2,3лажици шеќер
- 1 ванила
- 1 белка
- 4лажици масло
- Некое зрно сол
- Кора од лимон по желба
- Околу 500 гр брашно
- 40,50гр путер
- Многу малку нишесте, 20,30гр
- 50гр суво грозје
- 3лажици мармалад
- 1 жолчка, и 1лажиче млеко за премачкување
- шеќер во прав по желба
Подготовка
Меки, ароматични, вкусни полжавчиња е мојот предлог за утрински појадок.
Подготовка:
1. Во топлото млеко ставаме лажиче шеќер, лажиче брашно, квасец. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Потоа во вангличка се ставаат активирани квасец, ванила, масло, белка, сол, шеќерот. Сето убаво се соединува со вилушка. Се додава брашно и се замесува средно меко тесто. Се покрива и се остава на топло да се дуплира.
3. Потоа се дели на 5,6 топчиња. Секое топче се расукува во мало кориче. Коричињата се редат едно врз друго, а при тоа се премачкуваат по малку со омекнат путер, се наросува по малку густин. Така формиран куп од коричките се завиткува во прозирна фолија и се остава да отстои 10 минути во фрижидер.
4. Потоа од цело купче се сучи правоаголна кора. Се премачкува танко со мармалад и се расфрла суво грозје, може и сува брусница. Се витка ролат. Со помош на конец или со нож се сечат парчиња широки по 2,3 цм. Се редат во плех. Нежно се притискаат со раката. Се покриваат и оставаат на топло 30 минути. Се премачкуваат со жолчка со млеко.
5. Се печат во загреана рерна да заруменат. Се сервираат топли со чај, млеко, какао.