Кременадли со сенф во рерна
Состојки
- 1,5 кг кременадли
- 4-5 лажички сенф дижон
- по потреба сол
- 100 мл масло
- 300 мл вода
Подготовка
Подготовка:
1. Кременадлите се посолуваат и премачкуваат обилно со сенф од двете страни и се редат на намрсена тава за печење. Се оставаат така еден час.
2. Потоа се преливаат со маслото, а од страните се налева водата и се ставаат во загреана рерна да се печат.
3. Кога водата до пола ќе подиспари, можи да додадете прилог од сечкан морков, замрзнат компир, брокула. Доколку користите компири пак, ставете ги на почетокот.