Прилог од печен компир со сусам
Состојки
- 500гр компири
- вода и малку сол
- 2лажици масло
- 1лажиче сол
- 1/4 лажиче црн бибер
- 1/2 лажиче црвен пипер
- 1/2 лажиче зачин
- 1/4 лажиче оригано
- 2лажици сусам
Подготовка
Подготовка
1. Прво компирите ги лупиме и ги сечиме на кришки. Во тенџере ставаме вода и малку сол.
Од кога ќе почне да врие ги додаваме компирите. Нека варат така 3 минути.
2. За тоа време се соединуваат сите состојки во сад во кој ќе го печиме компирот. Одма го додаваме топлиот компир и промешуваме. Секое парче да биде убаво обложено.
3. Ставаме во загреана рерна и печиме околу 30 минути. Послужуваме како прилог.