Испечати

Пастрмајлија

Пастрмајлија

Состојки

  • За тестото
  • 400 гр. брашно
  • 300 гр. вода
  • 10 гр. сув квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажица сол
  • За филот
  • 1 кг. свинско месо
  • 1 лажица црвен пипер
  • попотреба сол, црн пипер
  • За премачкување
  • попотерба свинска маст

Подготовка

Подготовка

1. Најпрво пригответе го месото, исечете го на мали коцки, зачинете го и оставете го да отстои, додека не биде готово тестото.
2. Во млаката вода додадете ги шеќерот и квасецот да се растопат, а потоа додадете го брашното. Мешајте со вилушка, додека смесата не стане хомогена, а на крај додадете ја солта и мешајте повторно. Садот со смесата покријте го со стреч фолија и оставете смесата да стасува, додека не се дуплира.
3. Кога смесата ќе се дуплира, додајте ја врз многу набрашенета работна површина. Од смесата притскајќи со рацете, направете кора, а кората предиплете ја како плик. Повторете ја постапката 3 пати. Тогаш смесата разделете ја на 4 дела и формирајте топчиња на истиот начин, т.е прво направете од секој дел коричка, па преклопете го како плик и формирајте топче. Оставете ги топчињата да ја дуплираат големината.
4. Од секое топче, врз намастена хартија за печење, формирајте пастрмајлија. Внимавајте да не ги допирате со рацете краевите на пастрамајлијата. Распоредете им го месото низ средината на пастрмајлиите и оставете ги повторно да стасуваат дваесетина минути.
5. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 250 степени со се тавата која што ќе ја користете за печење. Печете ги пастрмајлиите една по една, секоја по десетина минути. На секоја користете ја истата тава за печење, со хартијата за печење ќе ви биде лесно да го изведете тоа. Краевите на пастрмајлиите со четкичка премачкајте ги со маст.
На здравје.