Испечати

Раванија со јаболка и ореви

Раванија со јаболка и ореви

Состојки

  • За кекс
  • 4 јајца
  • 12 лажици шеќер
  • 12 лажици млеко
  • 12 лажици масло
  • 12 лажици гриз
  • 12 лажици брашно
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 1 пакетче прашак за печење
  • 3 рендани јаболка
  • 100 гр крупно мелени потпечени ореви
  • Шербет
  • 650 гр шеќер
  • 850 мл вода

Подготовка

Подготовка

1. Кремасто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата. Потоа, со намалена сила на миксерот, додавајте ги редоследно состојките.

2. Истурете ја во намрсена тепсија и печете на на 170С . Јас ја печев во тепсија 20х30 и беше солидно висока.

3. Шербетот спремете го совреме. Откако ќе зоврие, варете на ниска температура уште некои 5 минути и потоа оставете го да олади. Се потура ладен шербет и млака раванија.