Посни коледарски лепчиња
Состојки
- 20гр свеж квасец
- 1лажиче шеќер
- 1лажиче сол
- 50мл масло
- 300мл топла вода
- Околу 550 до 600гр брашно
- Малку посен мајонез
- сусам
Подготовка
Подготовка:
1. Во топлата вода ставаме квасец, шеќер и лажиче брашно. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Во вангличка се ставаат квасец, сол, масло и постепено се додава брашно. Се замесува меко тесто. Се покрива и се остава да се дуплира.
3. Потоа се дели на мали топчиња. Јас половина ги оставив како топчиња, половина ги направив долги форми. На секое лепче се става по малку посен мајонез. Со четка се размачкува по површината и се посипува сусам. Киснат 20 минути, па се печат во загреана рерна. Испечени се покриваат со чиста кујнска крпа, десетина минути, па се сервираат.