Чоколаден тарт со крем од фстаци
Состојки
- Кора
- 250 гр мелена плазма
- 100 гр исечкани печени фстаци
- 125 гр стопен путер
- 100 гр стопено чоколадо
- 50 мл млеко
- Крем од фстак
- 150 гр фстак крем
- 50 гр бело чоколадо
- Чоколаден крем
- 100 гр млечно чоколадо
- 150 гр темно чоколадо
- 125 гр путер
- 150 мл слатка павлака
Подготовка
Подготовка:
1. Смешајте ги состојките за кората и втиснете ги или во правоаголен или во кружен калап.
2. Стопете го белото чоколадо и измешајте го со кремот од фстак. Премачкајте го преку кората.
3. Чоколадото искршете го, а павлаката и путерот вжештете ги, па прелијте ги преку чоколадото. Измешајте убаво, се да се спои. Малку нека се подизлади, па прелијте ја смесата преку кремот од фстаци.
4. Готовиот тарт ставете го во фрижидер, убаво да се стегне.
Одозгора украсете го по желба.