Чоколадни елки

Состојки
- 3 јајца
 - 3 лажици шеќер
 - 4 лажици брашно
 - 3 лажици ореви
 - 1 лажица суви брусници
 - 1/2 пециво
 - Глазура
 - 200 гр млечно црно чоколадо
 - 1оо гр бело чоколадо
 - стапчиња шпатули
 - украсни трошки
 - 2 лажици еурокрем
 
Подготовка
Подготовки:
1. Се матат јајцата заедно со шеќерот. Кога ќе побелат и се згуснат, се додава брашното кое е измешано со пецивото. Се додаваат брусниците и оревите и се печи во округло тавче бр24 на 180С-25мин.
 2. Кога ке се испечи тестото, се сечи на триаголници. Секој триаголник може да се преполови и премачка со еурокрем и да се прелие со глазура од чоколада. Некои ги правев без ништо само пандишпан прелиен со чоколадо и така се вкусни.