Испечати

Канела бисквити

Канела бисквити

Состојки

  • 300 гр. брашно
  • 150 гр. путер
  • 100 гр. шеќер во прав
  • 1 јајце
  • 1 лажичка какао
  • 2 гр. цимет

Подготовка

Подготовка:

1. Од сите состојќи замесете тесто. Само внимавајте путерот треба секогаш да ви биде ладен од фрижидер, а јајцата на собна температура, пред да ги употребите за бисквитиве.
2. Тестото замотајте го во стреч фолија и оставете го да се лади во фрижидер два часа.
3. Потоа, расукајте го тестото, во кора во дебелина од 3 мм и со помош на формички извадете ги бисквитите.
4. Бисквитите печете ги на хартија за печење, во загреана рерна на 180 степени, околу 15 минути. Оладени декорирајте ги по желба.

На здравје.