Испечати

Сир салата, елкичка

Сир салата, елкичка

Состојки

  • 400гр младо сирење
  • 100гр крем сир
  • 1лажица кисела павлака
  • 50гр тостиран сусам
  • 100гр ситно сецкана мисиркина шунка
  • 2,3 кисели краставички, ситно сецкани
  • бибер
  • За декорација
  • Зрна калинка
  • Цветчиња од морков
  • Траки од свеж спанаќ
  • Кругчиња чајни стапчиња

Подготовка

Подготовка:

1. Во сад ги соединуваме сите состојки, убаво ја изедначуваме целата смеса. Ја поставуваме на сад каде ќе ја сервираме.
2. Ја нанесуваме во форма на елкичка и ја декорираме со траки од спанаќ, зрна калинка, морков, чајни стапчиња.
Послужуваме.