Испечати

Павлова торта - Венец со црвено овошје

Павлова торта - Венец со црвено овошје

Состојки

  • 2 белки
  • 120г шеќер
  • 1 лажичка густин
  • 200мл слатка павлака
  • 2-3 лажици шеќер во прав
  • свежо или суво овошје (за декорација)

Подготовка

Подготовка

1. Белките ги матиме со миксер. Кога ќе станат пенести го додаваме шеќерот, дел по дел. Штом ќе се стопи шеќерот додајте го и густинот.
2. Со шприц за декорација или со лажица, формирајте кружна форма на плех, обложен со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 100 степени околу 2 часа. Оставете да се олади.
3. Слатката павлака изматете ја со шеќерот во прав. Филувајте ја тортата. Декорирајте по желба. Јас декорирав со јагоди, калинка, мараскино цреши и нане. Одличен додадок за божиќна трпеза.

На здравје!