Испечати

Печени плескавици од ослич

Печени плескавици од ослич

Состојки

  • 1 кг. ослич
  • 4 компири варени, а се варат 1,5 кг., другите одат за прилог
  • 4 моркови варени, а се варат 500 гр.
  • 50 мл. кисела минерална вода
  • 100 мл. масло
  • 4-5 лажици презла
  • 1 кафено лажиче пециво
  • 1 главица со средна големина кромид
  • по вкус сол, мешан сув зеленчук, мелен црн пипер, лук во прав

Подготовка

Вкусен посен ручек, одличен за ова време на пости.

Подготовка:

1. Кромидот се сецка во сецко.

2. Рибите се варат, чистат од коските. Се сецкаат во сецко.

3. И морковот во сецко, а компирот се пасира со вилушка или алатка за пире.

4. Сè се соединува со останатите состојки, се обликуваат плескавици, се редат на намрсена хартија за печење.

5. Се печат во загреана рерна на 200, додека убаво поруменат.

На здравје.