Рум тарт
Состојки
- Основа
- 70 гр ореви
- 100 гр овесни снегулки
- 2 лажици мед
- 2 лажици кокосово масло
- 1 лажиче арома од рум
- Фил
- 150 мл домашно кокосово млеко
- 1 авокадо
- 3 лажици путер од кикиритки ( или друг путер во ваш избор )
- 1 лажица какао
- 3 лажици мед
- 1 лажица арома од рум
- 50 гр темно чоколадо со 80% какао
- 1 ½ лажица густин
Подготовка
Ореви, чоколадо и рум се совршена комбинација за превкусен кремаст десерт.
Подготовка:
1. Основа- во блендер ги ставаме оревите, овесните снегулки, кокосовото масло, медот и аромата од рум. Блендираме. Смесата ја натапкуваме во округол калап со обрач до дијаметар од 16 цм. Смесата ја ставаме на дното и на ѕидот во висина од околу 2цм.
2. Фил- Во блендер го ставаме авокадото, какаото и путерот од кикиритки. Блендираме. Во длабок сад на оган на средна температура го ставаме кокосовото млеко. Ја додаваме изблендираната смеса и со жица за матење мешаме. Во загреаната смеса ги додаваме медот и темното чоколадо иситнето на коцки. Мешаме да се стопи. Го додаваме румот и густинот, мешаме постојано додека да се згусне смесата. Филот оставаме малку да се излади. Го ставаме врз основата. Тартот го ставаме во фрижидер да се стегне неколку часа.