Зелени вафли
Состојки
- 180г брашно
- 5 лажици шеќер
- 1 пециво
- 1 лажица мача во прав
- прстофат сол
- 200мл млеко
- 50мл масло
- 1 лажичка ванила арома
- 1 јајце
- масло за премачкување
Подготовка
Подготовка
1. Брашното измешајте го со пецивото, шеќерот, солта и мачата. Јајцето изматете го малку со вилушка, а потоа додајте го млекото, маслото и ванилата. Измешајте ги сувите и течните состојки убаво.
2. Кога ќе се загрее убаво апаратот за вафли, премачкајте го со малку масло и додајте 3-4 лажици од смесата и печете 3 ипол- 4 минути. Од оваа смеса ми излегоа 8 вафли.
На здравје!