Празнични чоколадни бомбици
Состојки
- 150 гр потпечени и исечкани лешници
- 350 гр темно чоколадо
- 1 лажица кокосово масло
- 150 гр чоколаден крем
- 1 лажица какао
- Чоколадо и цели лешници по потреба
Подготовка
Се ближат најубавите празници во годината. Колачињава се само еден придонес за празничната трпеза.
Подготовка:
1. Чоколадото стопете го на пареа. Во него додајте ја лажицата кокосово масло, какаото и чоколадниот крем. Убаво измешајте. На крајот додајте ги и исечканите потпечени лешници.
2. Смесата ставете ја во фрижидер убаво да се стегне. Земете дел од смесата, ставете на средина еден цел лешник и формирајте бомбица. Ставете ги сите бомбици во фрижидер.
3. На крајот секое парче чоколадирајте го со темно чоколадо и украсете го по желба, овојпат кај мене со празничен мотив.
Среќни празници!