Испечати

Пита со сецкани јаболка (без пржење на филот)

Пита со сецкани јаболка (без пржење на филот)

Состојки

  • Тесто
  • 125 г путер, сало или маргарин
  • 1 јајце (се остава малку за премачкување)
  • 100 г шеќер во прав
  • 1 лажиче ванилин екстракт
  • околу 300 г брашно
  • 1 лажиче прашок за пециво
  • Фил
  • 5 помали јаболка сецкани на коцки
  • 3-4 лажици кафеав шеќер
  • цимет, морско оревче, каранфилче (1 до 2 лажички)
  • 2 полни лажици гриз
  • За одозгора
  • цимет и ванилин шеќер

Подготовка

Ароматична, ровка, се топи в уста, кралица на питите, питата со јаболка! За овој рецепт не е потребно филот да се пржи, туку јаболката само се сечкаат.

Подготовка
1. Замесете мазно тесто од состојките за тесто. Тестото треба да не е лепливо. Поделете го на 2 дела, едниот поголем, едниот помал и оставете го во фрижидер околу половина час.
2. Лупените јаболка исечкајте ги на коцки, додадете го шеќерот, гризот, циметот и другите зачини и промешајте.
3. Потоа извадете ја поголемата половина од тестото и натапкајте ја во калапот за пити. Додадете ја смесата од јаболка и убаво распоредете ја.
4. Потоа другиот дел од тестото исучете го и извадете ленти. Редете ги лентите врз овошјето и оформете мрежа. Ставете лента и по работ на питата. Одозгора премачкајте ги лентите со јајце и наросете ванилин шеќер и цимет.
5. Печете околу 35 мин на 180 степени во загреана рерна. После печење оставете да се излади. По желба се наросува шеќер во прав.