Сникерс коцки
Состојки
- 60гр шеќер
- 80мл млеко
- 50гр путер
- 50гр темно чоколадо (50-60% какао)
- 100гр тостирани кикирики, пола ситно, пола крупно мелени
- 80гр мелени бисквити
- 60гр кранч мусли
- За декорација
- 100гр бело чоколадо
- Малку црно чоколадо, трошки шарени
Подготовка
Лични, вкусни колачи за празнично послужување е мојот предлог.
Подготовка:
1. Во тенџере се ставаат, на тивок оган, да се соединат путерот, млекото, шеќерот, чоколадото. Од кога е смесата изедначена, значи не треба да врие, тргаме од оган и убаво промешуваме, да се изедначи.
Сега ги додаваме другите состојки. Убаво соединуваме.
2. Смесата ја нанесуваме на даска за колачи. Израмнуваме. Од кога ќе се стегнe, сечиме на коцки или ги формираме во модличка.
3. Секоја коцка ја потопуваме во растопено бело чоколадо. Правиме декорација по желба. Ги редиме во хартиени кошнички и ги послужуваме.
На здравје.