Испечати

Куглоф со таан, цитрус и калинка

Куглоф со таан, цитрус и калинка

Состојки

  • За куглоф
  • 250г путер (собна температура)
  • 250г шеќер
  • 6 јајца
  • 250г брашно за колачи
  • 1 лажичка пециво
  • 100г грчки јогурт (или павлака)
  • сок од еден лимон
  • сок од еден портокал
  • 2 лажици таан
  • Прелив и декорација
  • 2-3 лажици сок од калинка
  • сок од пола лимон
  • 200г шеќер во прав
  • сецкани фстаци
  • путер и лебни трошки (за калапот)

Подготовка

Подготовка

1. Путерот изматете го со шеќерот. Додајте ги јајцата, едно по едно, со постојано матење.
2. Брашното измешајте го со пецивото. Додајте дел од брашното кај путерот и измешајте, потоа додајте го јогурот, па дел од брашното, па сокот од лимон и портокал, па остатокот од брашното. Додајте го и таанот и измешајте добро.
3. Намрсете калап за куглоф со путер, а потоа обложете го со 1-2 лажици лебни трошки и истресете го вишокот, со превртување на калапот. Додајте го тестото во калапот и печете во загреана рерна на 180 степени, 50-55 минути. По печењето оставете го во калапот 10 минути, а потоа извадете го на решетка да се олади целосно.
4. За преливот, измешајте го шеќерот во прав со свежо исцеден сок од калинка и сок од половина лимон. Густината на преливот прилагодете ја по желба. Доколку сакате поредок прелив, ставете повеќе сок. Истурете го преливот врз оладениот колач. Декорирајте по желба. На здравје!