Божиќен чизкејк
Состојки
- Основа
- 250г мелени колачиња со ѓумбир или цимет
- 100г путер (растопен)
- Фил
- 450г крем сирење (собна температура)
- 120г шеќер во прав
- 1 лажичка ванила арома
- 400мл слатка павлака
- 30мл меласа
- 2 лажички мелен ѓумбир
- 1 лажичка цимет
- 1/2 лажичка мелено морско оревче
- 1/2 лажичка мелено каранфилче
- Декорација
- 100мл слатка павлака
- ѓумбир колачиња
- свежо нане
- бонбончиња, калинка
Подготовка
Подготовка
1. Мелените колачиња ги мешаме убаво со путерот. Смесата ја истураме во калап за чизкејк (23цм). Натапкуваме убаво на дното и го оставаме калапот да се стегне во фрижидер.
2. Крем сирењето го матиме со шеќерот во прав и ванилата. Слатката павлака ја матиме во посебен сад. Изматената слатка павлака ја додаваме кај крем сирењето, ги додаваме зачините и меласата. Матиме кратко со миксер, за да се соедини смесата.
3. Го додаваме филот во калапот за чизкејк и израмнуваме убаво. Оставаме во фрижидер преку ноќ.
4. Го вадиме чизкејкот од калап на чинија и декорираме по желба. Јас изматив околу 100 мл слатка павлака (можеби малку помалце). Декорирав со слаткарски шприц, а потоа додадов свежо нане, зрна од калинка, кршени бонбончиња и божиќни колачиња. На здравје!