Испечати

Елки кифли

Елки кифли

Состојки

  • 500 мл млеко
  • 1 квасец
  • 1 филџан масло
  • 125 гр маргарин
  • 1 лажица сол
  • 1 лажичка јаболкова киселина
  • 750 гр брашно
  • Премаз
  • 1 јајце
  • 1 лажица млеко
  • по желба сусам,лен,афион....

Подготовка

Подготовка:

1. Прво се зафаќа квасецот со малку млеко,1 лажиче шеќер и 1 лажиче брашно да стаса. Кога ќе се активира квасецот, се додаваат сите наведени состојки, заедно со мекиот маргарин.
2. Убаво се меси тестото да се добие нелепливо тесто.Тестото е убаво за работа, бидејки има во него маргарин.
3. Се сучи тесто со дебелина од 1.5см и се сечат разни фигури. Се премачкуваат со јајце и млеко и се наросуваат со семиња.
4. Се печат веднаш во загреана рерна на 250С-25мин. На здравје!