Бомбици од пченица, посни
Состојки
- 200гр пченица
- 150гр мелени лешници или ореви
- 50гр посни, мелени бисквити
- Кора од 1 портокал
- Сок од портокал
- 2,3 лажици шеќер во прав
- Ванила, цимет, морско оревче.. По желба и вкус
- мелени лешници за валкање
Подготовка
Подготовка
1. Прво пченицата ја требиме, па миеме и ја ставаме во тенџере со вода на оган да се свари.
2. Штом е готова, ја ставаме во цедалка, убаво да се исцеди. По потреба може да се стави да отстои во чиста платнена крпа. Сега може целосно да се испасира или пак делимично. Некои ја сакаат и мелена.
Јас грубо ја пасирам.
3. Во вангличка се ставаат пченицата, шеќерот во прав, тостирани те и мелени лешници, бисквитите, кората од портокал и зачините. Се меси со рака, а при тоа се додава сок од портокал, за да се добие смеса која лесно ќе се формира во бомбици. По желба може да се валкаат во орев, лешник.
Сервираме и дегустираме.