Испечати

Ќофтиња од карфиол

Ќофтиња од карфиол

Состојки

  • 4 шољи карфиол
  • 2 јајца
  • 1 шоља кашкавал
  • 1/2 шоља мелени овесни снегулки
  • 1 кафена лажичка лук во прав
  • 1 китка ситно сецкан магдонос
  • 1 кафена лажичка мешан зачин

Подготовка

Ако ви се пријаде нешто малку поинакво, а сепак вкусно повелете пробајте го овој рецепт.

Подготовка:

1. Најпрво јас малку го обарив карфиолот, па потоа во блендер го исецкав убаво и ситно. Потоа ги додадов и другите состојќи.
2. Од така добиената смеса, правев мали топчиња и ги ставив на плех, обложен со хартија за готвење. Малку се лепливи да знаете . Ги печеме во загреана рерна околу 30на минути.