Испечати

Крем салата со зелка и туна

Крем салата со зелка и туна

Состојки

  • 500 гр сечкана свежа зелка
  • 2 рендани моркови
  • 1 сечкан црвен кромид
  • 250 гр кисела павлака
  • 1 лажичка сенф
  • 400 гр туна со (пченка,грав,боранија)
  • сол по вкус

Подготовка

Превкусна и кремаста салата која дава една свежина и посебна нота на јадењето.

Подготовка:

1. Се сечка зелката и кромидот. Во него се додава ренданиот морков, туната и киселата павлака.

2. Сето ова се зачинува со сенф и сол. Убаво се меша салата и веднаш може да се консумира.

Пробајте нема да погрешите.