Салата со сирење и црвени пиперки
Состојки
- 3 печени, црвени пиперки
- 300 гр сирење
- 100 гр чадена сланина
- 2 лажици мајонез
Подготовка
Брза, едноставна и вкусна салата.
Подготовка:
1. Испечените пиперки исечкајте ги. Сирењето изрендајте го.
2. Сланината исечкајте ја на коцки и испржете ја. Измешајте ги сите состојки заедно со мајонезот.
3. Нека постои некое време во фрижидерот и подготвена е за служење.
На здравје!