Чоко појадок со гранола
Состојки
- 1лажица гранола
- 200 мл млеко
- 3 лажици просо
- 1 лажица какао или несквик
- 1ретче црно чоколадо
- 100 мл вода по потреба
- 1 лажица мед или агаве сируп
Подготовка
Подготовка:
1. Во кацерола на оган ставете го млекото. Додајте вода и просото и оставете да се вари на тивко, по потреба додавајте вода. Јас не ја ставам цела вода.
2. Кога е при крај варено просото, треба да е како густа смеса, па тогаш ги додаваме какаото или несквикот. Доставаме и мед и чоколадото, мешаме да се растопи. Ова последното го додаваме кога садот е тргнат од оган.
Откако сервирам, додавам граноли и благо промешувам. Појадокот ми е одличен,а плус и здрав
На здравје.