Здрави сусам колачиња со 3 состојки
Состојки
- 1 (околу +-25-30гр) Белка (од помало јајце М)
- 150 гр Сусам (јас ставив 130 гр бел+20 гр црн сусам)
- 3 м.л. (50гр) Мед
Подготовка
Брзи и вкусни колачиња кои се прават од само 3 состојки. Засладени само со мед, многу лесно се прават и можете да ги јадете за десерт, ужина или појадок.
Подготовка
1. Во длабок сад ги ставаме сите 3 состојки, мешаме со лажица до соединување.
2. Во плехот ставаме хартија за печење и врз неа, со помош на лажица, ставаме 8 купчиња од смесата. Со лажицата ги рамниме околу и одозгора да добијат изглед на округли колачиња (видете додатни слики) со дебелина од околу 5 мм.
3. Печеме во загреана рерна на 180 степени, додека да почнат да ја менуваат бојата (јас печев околу 15 минути) вие прилагодете според тоа како пече вашата рерна.
4. Откако ќе се испечат колачињата, не ги вадиме од плехот, ги оставаме до потполно изладување. Откако ќе изладат сосема, ги дегустираме.
Забелешка - Со додавање на мед, како засладувач, се добиваат колачиња, кои по конзистенција се помеки, но доколку сакате да добиете покрцкави колачиња, тогаш заменете го медот со кафеав шеќер (во истата количина 50гр) или евентуално по ваш вкус, помалку или повеќе.
На здравје.