Бадем мињони
Состојки
- 100гр чоколадни бисквити
- 100гр тостирани, крупно сецкани бадеми
- 6лажици слатка павлака
- 20гр путер
- 120гр темно чоколадо 45 %какао маса
- 1лажица моцарт ликер
- некое зрно сол
- За декорација
- 100гр темно чоколадо 45 %какао маса
- 100мл слатка павлака
- Бланширани, па тостирани листови бадем
Подготовка
Вкусотија.
Подготовка:
1. На многу тивок оган ги ставаме да се соединат путерот, чоколадото, слатката павлака. Јас шеќер не додадов. По вкус додадете шеќер.
2. Тргаме од оган и додаваме ликер. Промешуваме. Од кога смесата е изедначена додаваме сол, бадеми и мелени чоколадни бисквити. Наместо бисквити може да се користи и остаток од печено тесто за торта, кога правиме на пример мини тортички. Соединуваме. Сега формираме мињон бадеми. Оставаме на ладно 30 минути.
3. Подготвуваме ганаш за прелив. На тивок оган ги ставаме да се соединат слатката павлака и чоколадото. Убаво ги обложувам и ги декорираме со бланширан и тостиран бадем. Сервираме.