Испечати

Леб од тиква

Леб од тиква

Состојки

  • 340 гр тиква ( варена или печена)
  • 1 јајце
  • 4 лажици мед
  • 50 мл млеко
  • ½ лажиче цимет
  • ½ пециво
  • 50 гр интегрално брашно
  • 100 гр овесно брашно
  • 50 гр брусница
  • 50 гр сецкани урми

Подготовка

Подготовка:

1. Во длабок сад ја ставаме тиквата. Ја пасираме со виљушка. Го додаваме јајцето, мешаме со жица за матење. Го додаваме циметот, медот и млекото. Промешуваме. Во течната смеса ги додаваме интегралното и овесното брашно. Мешаме со жица. Ги додаваме пецивото, брусницата и сецканите урми. Промешуваме.
2. Смесата ја ставаме во правоаголен калап со димензии 20х10, обложен со хартија за печење. Печeме во загреана рерна, на 180 степени 15 минути. Потоа ставаме алуминиумска фолија врз лебот и печeме уште 45 минути на 160 степени.